Синот на директорот на велешки „Дервен“ стана раководител во Централен регистер?

Директор на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес е  Ѓорѓи Стојанов, но според се’ се чини дека не било доволно само еден член од тоа семејство да добива плата од џебот на граѓаните, па функција добил и неговиот син.

Како што неофицијално дознава КУРИР, Централниот регистер во Велес од пред неколку дена има нов раководител-директор. Станува збор за Јане Стојанов, син на директорот на   ЈКП „Дервен“, Ѓорѓи Стојанов.