Синот на Катица Јанева вработен во телевизијата на Боки 13

Синот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Лазар Јанев, од неодамна е вработен во новата телевизија 1ТВ, позната како телевизијата на Бојан Јовановски – Боки 13, обајви порталот „Сведок“.

Младиот правник Јанев, како што откриваат вработени во оваа телевизија за Сведок, им бил претставен како “директор на правна служба“ со кого ќе можат да се консултираат доколку имаат правни дилеми околу содржината на текстовите кои ги објавуваат. Некои од нив пак знаат дека „синот на Катица Јанева работи нешто во техника“.

Лазар Јанев
Лазар Јанев

 

Катица Јанева во последниов период често може да се види фотографирана со Боки 13, почнувајќи од приватни забави – родендени, до „работни состаноци“ и гостувања во 1ТВ каде што беше нејзиното гостување во вторникот, кога за цело време додека беше емитувано интервјуто, телевизијата информираше дека ја презела палката во медиумскиот бизнис…

Целиот текст за темата може да го прочитате на СВЕДОК