Синот на Мерко се подновил со БМВ кое чини над 150 илјади евра?

Алијанса за Албанците Струга преку соопштение обвини дека синот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се подновил со нов автомобил.

„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на „БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.