Синот на Пеле осуден на 33 година затвор

Бразисклиот суд го осуди Едсон Едињо Чолбиј, син на еден од најдобрите фудбалери на светот Пеле, на 33 години затвор за перење пари стекнати од трговија со дрога.

Едињо, некогашен фудбалер, играше за „Сантос“, стариот клуб на Пеле во текот на 90-те години. Прв пат е уапсен во 2005 година. Веќе е осудуван за трговија со дрога, а бил поврзан и со некои од најпознатите нарко-босови во Сантос.

Тој на суд признал дека се нарко зависник, но го отфрлил обвинувањето дека продавал дрога.

Бразиските медиуми не успеале да го исконтактираат Едињо, но се очекува тој да ја обжали пресудата, соопштува Би-Би-Си.

Едињо (43), е третиот син од првиот брак на Пеле и во моментов е тренер на голманите на „Сантос“.

Пеле е оптимист, тој вели дека правдата на крај секогаш победува и дека не постојат докази против неговиот син.