Синот на Пеле во затвор

Едињо, синот на фудбалерот Пеле, кој летово беше осуден на 33 години затвор поради перење на пари и натаму е интересен за медиумите.

Бразилецот кој во меѓувреме беше пуштен на слобода, одново успеа да заврши во затвор.

Едињо ги прекршил условите кои што судијата му ги наложил при пуштањето на слобода.

44- годишниот син на Пеле беше член на Сантош кој во 1995-та година беше вицешампион на Бразил.

Едињо е уапсен во 2005-та година под сомневање дека соработувал со шефот на нарко картелот од градот.

Летово беше осуден на затворска казна со времетраење од 33 години поради перење на пари.