Синот на реисот Реџепи е инспекторот кој се снимал на Фејсбук за време на полициски час

Инспекторот вработен во МВР, кој се вклучил во живо на „Фејсбук“ и се снимал како шета по улица за време на полицискиот час, по завршување на работните задачи, е син на поглаварот на Исламската верска ваедница, Сулејман Реџепи, дознава „360 степени“.

Станува збор за З. Реџепи, против кого МВР веќе најави дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.