Синот на американската сојузна судијка Естер Салас е убиен, а нејзиниот сопруг е тешко ранет во напад со огнено оружје во нивниот дон во Њу Џерси, објавија во понеделникот американските медиуми.
Федералното биро за истраги (FBI) објави на Twitter дека го истражува случајот.
Медиумите пренесуваат дека вооружен маж, преправен како возач на доставувачот на пратки „FedEx“, пукал во синот на судијката и го ранил нејзиниот сопруг.
Дваесетгодишниот син на судијкаа Даниел Ендерл, бил застрелан кога ја отворил вратата, пренесуваат телевизиските мрежи ABC и CNN.
„Куршумот го погодил право во срцето“, изјавил за ABC градоначалникиот на Норт Брансвик, Фенсис „Мек“ Вомак, пријател на судијката.
Неговиот татко Марк Ендерл, адвокат и поранешен државен обвинител, е во тешка состојба и опериран. Судијката Естер Салас не е повредена, пренесе ABC News.
Мотивот за смртоносниот напад засега не е познат.
„Како судијка, Салас одвреме навреме добиваше закани, до неодамна ги немаше“, изјави градоначланикот Вомак.
Педесет и едногодишната Салас е првата жена од хиспаноамериканско потекло која стана сојузна судијка во округот Њу Џерси, а на таа должност ја именуваше во 2010 година, тогашниот претседател Барак Обама,
Салас работи на колективната тужба на група инвестири во „Deutsche Bank“, кои тврдат дека банката не ги надгледувала добро клиентите со висок ризик, меѓу кои и финансиерот Џефри Епштајн, обвинет како сексуален предатори кој сексуално злоставувла малолетнички чиешто самоубиство со бесење во доброобезбедуваниот затвор на Менхетен е многу контроверзно за за американската јавност.
Имено Епштајн беше познат како голем пријател со поранешниот демократски претседател Бил Клинтон. Клинтон претходно призна дека патувал во приватниот авион на Епштајн наречен „Лолита експрес“, кој милијардерот наводно го користел за нелегални сексуални активности со малолетни лица, а имаше и сведоци дека тој престојувал и на ткн „Островот на оргиите“.