Синот на Вејн Руни потпиша за Манчестер Јунајтед

Највозрасниот син на легендата на англиската фудбалска селекција и на Манчестер Јунајетд, Вејн Руни, 11-годишниот Каи потпишал договор за „Црвените ѓаволи“.

„Ден за гордеење. Каи потпишува за Манчестер за Јунајтед. Продолжи со напорната работа сине“, објави Вејн Руни на Twitter.

Руни сениор, кој за Јунајтед настапуваше од 2004 до 2017 година, е најдобар стрелец во историјата на клобот од „Олд Трафорд“ со 253 погодоци она 559 официјални натпревари.

Во текот на 13-те сезони минати во редовите на „Црвените ѓаволи“ освои пет титули англиски шампион, три во Лига купот и по една во ФА Купот, во Лигата на шампионите и во Лига Европа.

Вејн Руни, исто така, е водечки стрелец на англиската репрезентација со 53 погодоци во 120 натпревари, а репрезентавната кариера ја заврши во 2018 година.

Триесет и петгодишниот Руни, кој во моментов е менаџер и играч на нисколигашот Дерби Каунти, со сопругата Колин Руни ги имаат уште трите сина седумгодишниот Клеј Ентони, четиригодишниот Кит Џозеф и двегодишниот Кејс Мeк.