Синтија Никсон во антиелитистичка трка за гувернер на Њујорк

И покрај прогнозите, актерката Синтија Никсон од серијата „Сексот и градот“ се надева дека ќе го искористи антиелитистичкиот бран кој ја тресе Демократската партија за во четвртокот да го победи гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, на еден од последните предизбори кај демократите за изборите во ноември.

Според последните испитување на јавното мислење кој минатата седмица го спровел институтот Siena College, 60-годишниот Ендрју Куомо, кој е на сојузната држава Њујорк од 2011 година и син на широко почитуваниот покоен гувернер Маио Куомо, се смета за голем фаворит со поддршка од 63 отсто, наспроти 22 отсто за Синтија Никсон.

Меѓутоа, 52-годишната актерка којашто доколку победи на предизборите во Деморкатската партија би имала големи шанси да стане гувернерка на 6-ти ноември, имајќи предвид дека Њујорк е бастион на демократите, повторува дека анкетите последните седмици не ја предвидоа победата на неколку кандидати на антиелитистичката стрја која во мнозинство ја предводат жени и припадниц на малцинствата.

„Ендрју Куомо добро знае дека кампањата е потесна отколку што сугерираат анектите, инаку бе би потрошил милион и долари против нас“, изјави Никсон.

Меѓутоа, да се победи на предизборите против актуелниот гувернер на ниво на сојузна држава со 20 милиони жители како што е Њујорк е „многу потешко“ отколку да се победи во трката за Конгресот, истакнува Мајкл Милер, професор на политички науки на Siena College. Уште повеќе што во четвртокот може да гласаат само њујорчаните регуларно регистрирани како демократи. „Би бил навистина изненаден доколку победи“, прогнозира Милер.

Меѓутоа, многумина признаваат дека Синтија Никсон, иако никогаш не е избрана за некоја политичка функција, докажача во текот на кампањата сериозност и борбеност.

Со години наназад активистка за државно образование и правата на ЛГБТ заедницата, Никсон која е мајка на три деца а се венчаше со жена откако беше во брак со маж, остави траги во оваа американска сојузна држава, залагајќи се за легализација на рекреативното консумирање на марихуана, реновирање на њујоршката подземна железница, бесплатното образование, намалување на цените на изнајмувањето станови, здравственото осигурувње коешто го финансира држава и поголем данок за најбогатите,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.