Сирењето го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари

Консумирањето одредено количество сирење го намалува ризикот од појава на некои заболувања, докажале научниците од кинескиот Универзитет Сиџоу, според кои 40 грама сирење дневно го намалува рузикот од развој на срцеви болести за 14 отсто, а од мозочен удар за 10 отсто.

И британска студија по истражувањето со коешто биле опфатени милион луѓе покажало слични резулати, а научниците од Универзитетот во Рединг појаснуваат дека нивната студија ги доведува во прашање долгогодишните совети дека би требало да се ограничи внесувањето млечни производи во организамот. Сирењето е добро, бидејќи содржи заситени масни киселини и добри нутриенти, појаснуваат авторите на студијата.

Добрите својства на храната се постигнуваат со комбинација на мастите и јаглехидрадите. Според експертите, кога започна епидемијата на прекумерна телесна тежина, луѓето и лекарите ја препорачуваа ткн „лоу фет диет“, односно исхрана сиромашна со масти. Во овој начин на исхрана, за да се подобри вкусот, додаван е шеќер што довело до уште поголема дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Кај многу производи, вклучително и млечните, намалувани се мастите и додаван е шеќер, па пазарите се преплавија со „здрави производи со 0 отсто млечни масти“.

Меѓутоа, за стручњаците овие производи воопшто не се здрави. Последните децении повторно се спроведувани истражувања во врска со исхраната, масленоста и млечните производи и се покажало дека умереното консумирање на полномасните млечни производи го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести за 12 отсто, а од мозочен удар за 13 отсто. Тоа е така, поради тоа што млечните производи се богати со ткн заштитни нутриенти, со минерали – калциум, фосфор, калиум и магнеиуми, и витамини од групата Б.

Претходно се сметаше дека заситените масти и солта, која е застапена во млечните производи, доведуваат до артериосклероза. Меѓутоа, во 29 ткн мета-анализи, е откриено дека доколку умерено се замаат овие масти и солта, тие немаат никакво влијание врз крвните садови.