Сириец уапсен за подготовка на напад во Германија

Полицијата во западногерманскиот град Мајнц уапсила имигрант од Сирија, осомничен за подготовка на терористички напад, и се претпоставува негова поврзаност со четирите лица уапсени во холандски Ротердам, пишува во саботата електронското издание на весникот Zeit

Според весникот, полицијата го уапсила 26-годишниот Сириец во стан во Мајнц. Во неговото привремено престојувалиште, исто така, бил извршен претрес, но нема сознанија што било откриено во станот.

Во неделата, притворениот ќе биде изведен пред суд. Покрај тоа, вишиот суд во градот Кобленц треба да донесе одлука за негова екстрадиција во Холандија. Германската полиција потврди дека дејствувала во координација со холандските институции за спроведување на законот.

Претходно беше објавено дека полицијата во холандскиот град Ротердам под сомневање за вмешаност во терористички активности притвори четири лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.