Над четири милиони лица ја напуштиле Сирија

Над четири милиони лица ја напуштиле Сирија

Агенцијата на Обединети нации за бегалци соопшти дека од почетокот на граѓанската војна во Сирија од земјата побегнале повеќе од четири милиони луѓе.

УНХЦР наведува дека покрај тоа уште 7,6 милиони луѓе се интерно раселени.

– Оваа е најголем број на бегалци од некој судир, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутереш, додавајќи дека ним им е потребна поддршка од светот бидејќи живеат во тешки услови и тонат во се подлабока сиромаштија.

Според податоци на УНХЦР само во јуни над 24.000 луѓе од северна Сирија пристигнале во Турција. Тие побегнале поради борбите меѓу Исламска држава и курдските милитанти. Во Турција има над 1,8 милиони бегалци од Турција.