Сирија стана една од најопасните земји во светот за децата, соопштуваат од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).
Според нивниот извештај објавен вчера 5,5 милиони деца се погодени од граѓанска војна во Сирија. Исто така се наведува дека илјадници млади Сиријци се заробени во опколените делови на земјата. Во извештајот стои дека најмалку 10 илјади деца се убиени во текот на тригодишната војна во Сирија, но дека реалната бројката најверојатно е повисока. Според УНИЦЕФ на околу два милиони деца им е потребна некоја форма на психолошка поддршка или третман.
Се проценува дека 1,2 милиони сириски деца се бегалци во околните земји, а над три милиони се кријат во границите на Сирија, а 323.000 деца живеат во области во кои помошта не ни може да стигне. Од УНИЦЕФ велат дека војната ги натера децата побрзо да пораснат, па едно од десет деца бегалци работи или се приклучило на бунтовниците, а едно од пет девојчња живее во Јордан каде е принудена на брак. УНИЦЕФ тврди дека 2.8 милиони деца не се во училиште.
Вчера Интернационалната организација за човекови права соопшти дека силите на Башар ал Асад како оружје го користат гладот. Во кампот Јармоук има околу 20.000 сириски и палестински бегалци кои секојдневно се борат за храна, а ако излезат на улица тогаш ризикуваат да бидат убиени од снајперстите на режимот.