Сириската армија гo зазема последното упориште на ИД во земјата

© AP Photo / Syrian Central Military Media

Сириските владини трупи ја повратиле во четвртокот целосната контрола над градот Абу Камал, уништувајќи го последното упориште на ултрарадиканланата сунитска групација Исламска држава (ИД) во Сирија, објави командата на армијата на владата во Дамаск.

Сириската армија, којашто ја има поддршката на руската авијација а на копно од локалните милиции како и доброволечки шиитски милиции од регионот, го ослбодила градот Абу Камал, во покраината Деи-ез-Зор, објави командата. Во соопштението, исто така, се наведува дека „проектот Исламска држава создаден од Западот е разуртнат и уништени се амбициите на покровителите на терористите“..

Сириската воена команда го нарекува ослободувањето на градот „стратешки успех“, додавајќи и дека и преостанатите терористи во Сирија ќе бидат ликвидирани. Според терминилогијата на владата во Дамаск, терористи се сметаат сите оние сунитски групации кои со поддршка на сунитските земји од регионот и Западот од март 2011 година војуваат за соборување на претседателот Башар ал-Асад.

Според воен командант од теренот, војската сега го расчистува теренот во Абу Камал од мини коишто ги поставиле терористите при повлекувањето. Рекол, исто така, дека џихадистите бегаа пред брзото напредување на владините сили кон Хмејим, во соседната покраина Хомс, каде што е руската воздухопловна база. Тие отстапуваат во насоките кој селото Ал-Сукарија, преминувајќи ја реката Еуфрат. Ова село, каде што има групирани милитанти, од претходно се наоѓа во опасада на сириската војска и се очекува дека тие ќе направат обид да го пробијат обрачот.

Последната голема побада на сириската армија беше ослободувањето на градот Деир-ез-Зор, откако на 5-ти септември годинава беше пробиена речиси тригодишната опсада на Исламската држава на блиската воена база. По протерувањето на терористите од стратешките возвишувања на југозападот од градот, војската мина на западниот брег на реката Еуфрат.

Подоцна во септември и октомври владините сили ги уништија позициите на џихадистите во близина на Абу Камал и во градот Мајадин, и на почетокот од ноември воспоставија целосна контрола над Деир-ез-Зор.

Областа на Абу Камал во сепетември и октомври беше цел на дејствијата на руската авијација. Истовремено меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД, се обидуваше да ја поттикне офанзивата на арапско-курдската коалиција на теренот која ја поддржува Западот за заземање на овој град.

Според процените на руското министерство за одбрана, повеќе од 90 отсто од територијата на Сирија сега е ослободена од Исламската држава. Во ноември коалицијата предводена од САД објави дека во соседен Ирак терористичката групација е речиси целосно уништена.