Сириската армија презеде целосна контрола над Алепо

Сириските владини сили денеска презедоа целосна контрола над градот Алепо, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Во соопштението на оваа проопозициска невладина организација со седиште во Велика Британија, се нагласува дека сириската армија ја презела целосната контрола над Алепо, откако денеска градот го напуштиле и последната група бунтовници. Според центарот, во моментов во тој дел на Сирија по контрола на бунтовниците остануваа само мала територија западно од Алепо.

За време на борбите меѓу владините сили и бунтовниците во овој најголем град во северна Сирија, според податоците на Центарот, загинале околу 21.500 цивили.