Сириската одбрана пресретнала ракети над Дамаск

Воздушната одбрана на Сирија пресретнала неколку ракети над Дамаск, кои дошле од југозапад преку Голанската Висорамнина која е под контрола на Израел, јави државната агенција САНА.

Агенцијата објави и видео снимка на која се гледа дејствувањето на сириската противвоздушна одбрана над Дамаск.

Според очевидци, во градот пред полноќ се слушнале силни експлозии.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека израелски ракети гаѓале локации на милицијата поддржана од Иран во зоната меѓу аеродромот во Дамаск и населбата Саед Зеинаб, јужно од главниот град.

Опсерваторијата исто така тврди дека некои проектили погодиле, но нема информации дали има жртви.