Сириската опозиција ќе одржи состанок во Истанбул

Главната коалиција на сириската опозиција, што ја има поддршката на западните сили, денес ќе гласа дали да учествува на мировната конференција за Сирија, чија следна средба треба да се одржи во Швајцарија, пренесе Гласот на Америка.

Сириската национална коалиција ќе одржи состанок во Истанбул, како резултат на засилениот притисок од страна на САД, да земат учество во мировните преговори што имаат за цел да доведат до формирање на преодна Влада во Сирија.

Американскиот државен секретар Џон Кери, вчера истакна дека преговорите се најдобра можност опозицијата да ги постигне целите на сирискиот народ и револуцијата.