Сириската Влада ги прогласи за зона на катастрофа областите погодени од земјотресот

Сириската Влада денеска ги прогласи областите погодени од земјотресот во северозападниот дел на земјата за зона на катастрофа. Тие области ги вклучуваат провинциите Алепо, Идлиб, Латакија и Хама, соопшти сириската новинска агенција САНА.

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ја посети Универзитетската болница во градот Алепо, кој беше погоден од неодамнешниот разорен земјотрес.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот на Сирија, Асад ги посетил повредените во земјотресот. Досега е потврдено дека во земјотресот во Турција и во Сирија загинале повеќе од 21.000 луѓе.