СИРИЗА е прва политичка сила во Грција

46

Мала предност од 0,4 отсто има грчката левичарска радикална партија СИРИЗА, спроти десната Нова демократија, според последната анкета на ГПО, пренесува сајтот „ГР Репортер“.

Споре истражувањето 96,7 проценти од испитаниците изјавиле дека се песимисти во однос на финансиската состојба и развојот на земјата во следните неколку години. Истовремено 96,7 проценти веруваат дека се оданочени со премногу даноци.

Поконкретно , според истражувањето на јавното мислење на ГПО спроведена по нарачка на телевизија „Мега“, изборните ставови за парламентарните избори се следниве: радикалната левица СИРИЗА би добила 20,4 отсто од гласовите, Нова демократија – 20 отсто, неонацистичката Златна зора – 8,4 отсто, комунистичката партија ККЕ – 5,9 отсто, ПАСОК – 5,8 отсто, Партијата на Панос Каменос, Независна Грци – 5,2 отсто и Демократската левица – 4 отсто.

На прашањето кој е најсоодветен за премиер, актуелниот премиер, Андонис Самарас добил 40,5 отсто од гласовите, лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас – 27,7 отсто, а 29,9 отсто од учесниците одговориле „ниту еден од двајцата“.

„Не“ за предвремените избори велат 64,5 отсто од учесниците во анкетата, додека 34,1 отсто сакаат да има предвремени избори во земјата.

На прашањето дали Владата треба да го довшри целиот мандат, позитивно одговараиле 54,3 отсто од испитаниците, а спротивното мислење имаат 44,3 отсто од анкетираните граѓани.

Во односот кон политичките лидери: 39 отсто од испитаниците имаат позитивен став кон Андонис Самарас, 36 отсто го поддржуваат водачот на Демократската левица Фотис Кувелис, 35,5 отсто го симпатизираат на Алексис Ципрас, 27,8 отсто поддршка му дале на генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцумбас, 25 отсто го поддржуваат Панос Каменос, а 12,9 отсто – лидерот на Златна зора, Николаос Михалолјакос.

„СИРИЗА не е подготвена да управува сама“ сметаат 73,6 отсто од учесниците во анкетата.

Според истата анкета 62,8 отсто од граѓаните ги оценуваат негативно напорите на владата да се справи со кризата, а 71,4 отсто сметаат дека финансиската политика не и гпостигнува своите цели.

Покрај тоа 63,1 отсто од учесниците во анкетата сметаат дека во наредните години состојбата на економијата ќе се влоши.

Што се однесува до партиите 48,4 отсто од анкетираните веќе помалку и веруваат на партијата за која гласале пред година и половина.

Во однос на опозициската тактика на СИРИЗА 70,1 отсто од учесниците ја оценуваат негативно, а 27 отсто – позитивно.

Во врска со политичката поларизација 88,8 отсто од анкетираните веруваат дека тоа не помага во борбата со кризата, а 68,2 отсто сметаат дека треба да има силна политичка партија меѓу Нова демократија и СИРИЗА.

Покрај тоа 30,4 отсто се уверени дека за оваа поларизација е виновна СИРИЗА, 22,7 отсто веруваат дека е виновна Нова демократија, а 14,6 отсто – дека одговорноста ја сносува ПАСОК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.