Шишкарев: Сакам да станам Македонец ама не ми даваат пасош

Ракометарот на Вардар, Даниил Шишкарев, се пошегува кога го доби микрофонот на големиот пречек во Скопје и кажа дека сака да стане Македонец, но не му давале пасош.

-Сакам да станам Македонец, ама не ми даваат уште пасош. Јас го барам една година, ама тие не сакаат да ми дадат. Луѓе ви честитам. Ова е голема победа за нас, за вас, за цела Македонија. Еден живот, една љубов, вели Шишкарев.