Системот на НСА можел да ги снима сите телефонски разговори во цела Америка

Американската агенција за национална безбедност (НСА) создала систем за следење што може да ги снима сите телефонски разговори во целната земја, а аналитичарите преслушувале само „дел“ од еден процент од повиците, пренесе „Вашингтон пост“.

Повикувајќи се на неименувани извори што директно го познаваат системот, како и документите објавени од поранешниот службеник на агенцијата Едвард Сноуден, „Вашингтон пост“ наведува дека целниот глас се пресретнувал со употреба на програмата „Мистик“, што се применува од 2009 година и програмата „Ретро“ како алат за примена.

Според весникот примената на овој систем достигнал полна сила во 2011 година.

Системот на НСА, што е способен за снимање на 100 отсто  од телефонските повици во целната земја, може да репродуцира гласови од било кој повик без потреба таа личност да била однапред идентификувана за следење, нешто што ниту еден програм досега не можел да го направи и да „сними“ цела телефонска мрежа на една земја.

Аналитичарите преслушувале само „дел од еден процен од повиците“, иако апсолутниот број на комуникации под системот за надзор бил висок.

Секој месец на преработка и долгорочно чување биле предавани „милиони делчиња од говори или извадоци“ за преработка и складирање, наведува „Вашингтон пост“, без да објави детали што ќе овозможат идентификување на земјите во кои системот за надзор функционирал или било предвидено негово користење.