Системот треба да функционира, но гледам само селективно спроведување на право и правда

Правдата мора да има и системот да функционира, но јас тука можам да потсетам на низа на примери на селективна правда. Главното за што се формираше СЈО беше криминал и корупција. На пример, во случајот со мерцедесот нема ниту криминал, ниту корупција, рече Стевче Јакимовски прв човек на ГРОМ на гостувањето во емисијата што се емитува на телевизија Канал 5.

Јакимовски се осврна и на случајот со Катица Јанева и Бојан Јовановски.

-Еве ќе го споменам и слујаот Рекет и тука е многу видливо дека нема ни право ни правда. Имаше јасни сознанија дека тука се завршува со Јанева и Јовановски. Еве и со СЈО не знам што се очекуваше. Сега гледаме дека земале бонуси, ама биле класифицирани информации, како е тоа можно. СЈО стана институција без контрола, формирана и надвор од Устав, рече Јакимовски.

Јакимовски забележа дека е поразително едно такво СЈО во кое се веруваше и воложуваше толку многу да почне и заврши со еден ваков случај како Мерцедесот.