Систина го тужи Боки 13 ка за неплатени операции

Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор, тужен е од приватната клиника „Аџибадем Систина“ за неплатени 19.313 евра за операција за стеснување на желудникот. Денеска требаше во Граѓанскиот суд Скопје 2 да почне главната расправа, но адвокатот му го откажал полномоштвото, немал рече контакт со притворениот Јовановски, па судењето се одложи за декември.

Судијката Лилјана Зафировска-Петреска рече дека за следното рочиште на Јовановски ќе му испрати покана во затворот во Шутка, бодејќи планира оваа граѓанска постапка да почне со негово сослушување.

Фактурата од „Аџибадем Систина“ Боки ја примил уште во април, но не ја платил. Освен за операцијата на желудникот, во вкупната сума, според полномошникот на клиниката, биле пресметани и третманот и услугите што ги добивал таму тужениот.

Во меѓувреме, Боки 13 откако е во притвор, постојано го носат во болница поради нагони за повраќање. Кога бараше пред Апелација да биде пуштен од притвор, рече дека не се чувствува добро до таа мера што животот му е загрозен.

Но, од медицинската документација, судот утврди дека не е така и Јовановски е сѐ уште во притвор.

Основач и претседател на Одбор на директори на „Аџибадем Систина“ е Орце Камчев, кој ги пријави Јовановски и Катица Јанева дека изрекетирале од него 1,5 милиони евра, поради што Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.