Сите 25 патници загинаа во пад на автобус во река во Пакистан

Дваесет и пет патници ги загубиле животите во понеделникот, откако автобус паднал во реката Синд во Пакистан, пренесува порталот Dawn.

Според портпаролот на владата на провинцијата Гилгит-Балтистан, Фејзула Фарак, автобусот патувал од Равалпинди до планинскиот град Скарду. Додал дека меѓу загинатите се и две деца, а оти досега од реката се извлечени телата на девет жртви.

Локалните власти соопштија дека несреќата се случила кога автобусот излетал од планински пат и паднл во реката. Причината за трагедијата засега е непозната.

Претходно беше објавено дека 21 лице загинало, а четирит настраданите кои со армиски хеликоптери се пренесени во околните болници се наоѓале во критична состојба.

Портпаролот додаде дека главниот министер за Гилгит-Балтистан, Хафиз Хафеез ур Реман, дал наредби за истрага за инцидентот.

Во септември минатата година 26 лица загинаа, а најмалку 20 други се здобија со повреди кога автобус на релацијата меѓу Равалпинди и Скарду удри во мал рид во близина на преминот Бабусар, во областа Диамер.