Сите Авганистанци кои пристигнаа во Македонија се негативни на тестирањето за Covid-19

Сите државјани од Авганистан кои синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на тестирањето за Covid-19, информираат од Владата за МИА.

На прашањето дали некој од авганистанските државјани е позитивен на Covid-19, од Владата изјавија дека сите се негативни на направените тестирања.

„Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на PCR тетстовите“, велат од Владата.

Со авион на компанијата „KamAir“ во понеделникот доцна вечрта преку грузиската престолнина Тбилиси на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.