Сите доктори се префрлени на Инфективна, нема кој да ги вакцинира децата со редовни вакцини

Вчера започна процесот на вакцинација за КОВИД-19 во земјата. Како што пренесуваа извори од здравство овој процес на вакцинирање беше изведуван од страна на доктори и вработени во амбулантите и поликлиниките кои се во рамки на Здравствен дом Скопје. Истите тие беа регрутирани на модуларната болница на Инфективна за кое се смета дека таму ќе работат во наредните два месеци.

По оваа информација се отвара прашањето штом тие се регрутирани на Инфективна кој ќе го врши вакцинирањето на пациентите во здравствените домови.

-Имам син кој има неполни две години. Во периодот кој што следи треба да прими неколку вакцини. Но, како што дознавме дека неговата матична докторка сега е преместена на Инфективна затоа што таму ќе вги вакцинира здравствените работници кои беа во првата борбена линија со вирусот.Сега не ми е јасно и како родител сум загрижен кој ќе го вакцинира син ми, ни раскажа загрижен родител. По сето ова може да се заклучи дека иако министерот за здравство, Венко Филипче цело време посочуваше дека вакцинирањето ќе се одвиваа најсоодветно, сепак со овие информации повеќе од јасно е дека процесот на вакцинирање не се одвива онака како што беше претставувано во јавноста. Но освен ова министерот Филипче во врска со вакцинирањето посочи и дека не им одат пресметките . -Не ни одат пресметките како и со мнозинството во Собрание.За динамика на вакцинирање на старт станува збор за 300 до 500 и брзо ќе стигнеме до 4 илјади вработени и ќе бидеме една од реки кои ги имаат вакцинарно сите кои работат со ковид.Потоа системот ќе се диперзира во сите пунктови и ќе оди 2.500 и 4000 на ден, рече Филипче во своето гостување во Топ Тема.