Сите информации за патиштата на едно место – www.roads.org.mk

Сите информации за состојбата на патиштата и граничните премини граѓаните ќе можат да ги добиваат преку новата веб страница, www.roads.org.mk која функционира од денеска.

На денешната промоција Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека  ваква алатка се користи во повеќе земји членки на ЕУ, а истата ќе им биде достапна и на македонските државјани и на сите туристи кои ќе одлучат да ја посетат Македонија.

„Оваа веб страница нуди нови информации на граѓаните за состојбата на патиштата, кои преку поставените камери на наплатните рампи и граничните премини ќе можат да видат каков е протокот на возила во реално време и да имаат увид за тоа до каде е рализацијата на проектите кои се дел од програмата на јавното претпријатие“, истакна  министерот Јанакиески, кој дополни дека  благодарение на новата веб страница секој граѓанин јавно ќе може да види до каде е постапката на регионалните, магистралните и локалните патишта за кои е заинтересиран, детали за самите проекти со фотографии, и јавно да провери кои јавни набавки се завршени.

Според министерот, овој портал посебно ќе се користи во летниот период кога има поголемо движење на возила на наплатните рампи и на граничните премини.

Тој нагласи и дека отакко се поставени камери на сите наплатни рампи во државата има драстично зголемување на приходите од патарините, односно приходите минатата година биле зголемени за 20 отато споредено со 2012, и изнесуваат 1.38 милјарди денари.

Порталот ги содржи сите потреби информации за тоа дали има застој на некој од патните правци, градежни активности, калкулатор за растојание,  како и податоци за моменталните температури.

Овие податоци, како што нагласи Јанакиески секојдневно ќе се ажурираат во соработска со АМСМ.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски истакна дека овој портал претставува максимален отчен на Јавното претпријатие кон граѓаните.