Сите изјави и толкувања од бугарска страна се црн пазар и уцена

Во емисијата „Заспиј ако Можеш‘‘ на Алфа телевизија на тема ’’Ни се случува ли во ЕУ нова Лисабонска декларација за јазикот’’ дебатираше академик Катица Ќулавкова која истакна дека ударот врз Македонскиот јазик и се што ни се случува е шокантно, особено условувањата од Бугарија со што се доведува во прашање карактерот на македонската држава.

-Шокантно е ова што се случува, иако со самиот чин на потпишување на Преспанскиот договор ние рековме дека се отвара пандорината кутија, и дека кога еднаш ќе отстапите од националниот и државен интерес, нешто што се врзува со македонското културно наследство и за македонскиот идентитет, штом еднаш отстапите и се откажете од еден добар дел од историјата, а ние се откажавме ан блок со еден потпис, со декрет во договорот и тогаш имаше шпекулации и претпоставки дека се очекува тоа да продолжи, да бидат поставувани и следни услови од Бугарија што и се случи-истакна Ќулавкова.

Ќулафкова нагласи дека сите изјави и толкувања од бугарска страна се црн пазар и уцена и дека тоа не е дипломатска реторика и говор.

-Бугарите ќе не натераат нас да кажеме дека нели историјата не е битна и дека нема потреба да се вртиме наназад, ќе потпишеме договор дека ние, целата историја ни е не само споделена туку заедничка односно Бугарска, јазикот ни е бугарски дијалект и со тоа ние ќе признаеме дека сме конструкт вештачки и ние ќе бидеме доведени во прашање како народ кој има државотворна улога и ќе се доведе во прашање карактерот на македонската држава јас сметам дека тоа е поентата не е поентата само јазикот-истакна Ќулавкова.

Во однос на институционална смисла за тоа каде е МАНУ кога се говори за важни државни и национални прашања и стратешки интерес Ќулафкова вели дека таа се залага МАНУ да го искаже својот став во однос на државниот интерес врз основа на научни анализи, научни истражувања, и научни конференции, дека МАНУ тоа може да го направи, да не се само поединечни ставови на академици или колумни но МАНУ тоа не го прави и според Ќулавкова не е тоа само заради несоодветната финансиска помош туку постојат и други причини.