Сите кошаркари во НБА мора да стојат додека се интонира химната

Во пресрет на почетокот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот НБА, надлежните органи на лигата испратија допис до сите клубови дека сите играчи и целиот стручен штаб треба да стојат додека се интонираат химните на САД и Канада.

Од НБА се заканија дека доколку ова правило не се почитува ќе следуваат соодветни санкции.

На овој начин, НБА сака да се осигура дека нема да се повторуваат сцена од НФЛ лигата во која клечењето на квотербекот Колин Кајперник за време на националната химна во знак на протест против, како што изјави, неправдата на државата кон црните луѓе и бруталноста на полицијата. Со него многу играчи се солидаризираа и го следа неговиот пример.

Исто така, ниту односот на НБА играчите кон властите не е најдобар. Неодамна, беше донесена одлука шампионот Голден Стејт Вориорс да не ја посети Белата куќа, бидејќи една од ѕвездите на тимот Стеф Кари одби да го стори тоа, во знак на протест кон претседателот Доналд Трамп.

Новата сезона во НБА лигата почнува на 18-ти октомври.