Сите криминали на СДСМ и Заев излегуваат на виделина, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Сите криминали на СДСМ и Заев излегуваат на виделина. Ниедно празно соопштение од СДСМ не може да ги сокрие кривичните дела на Заев и неговиот брат, истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат разговори во Јавното обвинителство во кои Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение кое е инволвирано во изборен криминал. Италијанскиот медиум „Ла Верита“ уште еднаш го откри криминогениот карактер на Заев“, неведуваат од оваа партија и истакнуваат:

„Заев во 2014-та година, како лидер на СДСМ и градоначалник во Општина Струмица, заедно со неговиот брат Вице биле директни учесници во изборна корупција, изборен поткуп, закани, уцени и притисоци. Биле дел од изборен криминал, дело кое не е застарено. Зоран и Вице Заеви договараат одмазда кон неистомислениците и поткуп за оние кои се согласуваат да свиткаат кичма“.

Затоа од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат одговорност за ова ќе има, по 12-ти април, односно  Зоран и Вице Заеви ќе излезат пред лицето на правдата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.