Сите натпревари на Премиер лигата на Вембли?

Фудбалскиот сојуз на Англија (FA) им ги понуди националниот стадион „Вембли“ во Лондон и својот тренинг центар на сите клубови од Премиер лигата, па сезоната може да се заврши со одигрување на сите преостанати натпревари на култниот стадион, пишува во понеделникот лондонски Times.

„Вембли“ би бил неутралниот терен за одигрување на преостанатите девет кола од сезоната, а сите натпревари би се играле без присуство на гледачи.

„Во јуни и јули пред празни трибини би се играле по четири дуели дневно, а секој клуби би морало да биде подготвен ода одигра три натпревара во седум дена. Сите мечеви и сите клубови би биле во Лондон, а со тоа би се ограничеле патувањата и би се намалила можноста од ширење на вирусот“, изјавил за Times неименуван членик на FA.

Поради пандемијата на коронавирусот, Премиерл лигата го прекина натпреварувањето во март, а весникот тврди дека ќе биде продолжено дури летово.

Во моментот на прекинот Ливерпул беше прв со 25 бодови повеќе од Манчестер Сити, а му се потребни уште само шест бодови од девет натпревари за да ја освоите титуола по дури 30 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.