Сите патници кои летаат во САД мора да се тестираат на Covid-19 и да одат во карантин

Американскиот претседател Џо Бајден донесе во четвртокот уредба со којашто сите патници кои летаат во САД ќе мора да имаат негативен тест на коронавирусот пред летот и да одат во карантин по пристигнувањето во Соединетите држави.

„Поради појавата на новите соеви на коронавирусот, воведуваме мерка за оние кои во САД пристигнуваат со авион од други земји Освен носењето маски, сите кои летаат во САД од други земји ќе мора да се тестираат пред качувањето во авионот, пред плетувањето и да одат во карантин кога ќе пристигнат во Америка“, изјави Бајден во Белата куќа/

Притоа американскиот претседател не појасни како мисли оваа мерка да се спроведува.

Бајден, исто така, им нареди на американските агенции со колегите од Канада и од Мексико да договорат „здравствени протоколи на копнените гранични премини“, вкличително и примената на насоките од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).

Речиси сите патувања коишто не се неопходни меѓу САД и Канада и Мексико, се забранети до 21-ви февруари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.