Сите пејачи се подготвени за настапот на Плоштадот Пела

Сите изведувачи се подготвени за најлудата ноќ на Плоштадот Пела под покровителство на Град Скопје, спонзорирано од Македонски Телеком и Т-Мобиле, а во организација на Универзална Сала, објави порталот Курир.

Знаат што ќе носат, кои песни ќе ги пеат и како ќе изгледаат пред публиката. Сите оние кои ќе дојдат на Плоштадот Пела ќе ја дочекаат Новата Година заедно со Елена Ристеска- Ивановска, Даниел Кајмакоски, Наум Петрески, Дани, Сузана Спасовска, Маја Грозданоска- Панчева, Куку- Леле, Есма Реџепова- Теодосиевска, The Sound Messengers, Мустафа Имери.

Елена Ристеска- Ивановска измината година ќе ја памети по убави работи, но најмногу по раѓањето на нејзината внука Деспина. За Дочекот на Новата 2015 на Плоштад Пела ќе каже:

– Бидете таму и уверете се во топлата атмосфера со квалитетна македонска музика, голем огномет и многу убавини со кои ќе дочекаме 2015, а испратиме 2014.

– Иако температурите ќе бидат под нулата се надевам дека добро ќе се загрееме и стоплиме со добра македонска музика и ќе наздравиме со топло вино. Сепак во виното е вистината, изјави Сузана Спасовска на само еден ден пред големиот спектакл.

Даниел Кајмакоски во негов стил изјави дека ќе настапува со неколку негови песни кои го одбележале овој период додека е на сцена и им се заблагодарува на сите кои го подржуваат во оваа феноменална година за него. Би сакал следната да биде барем приближно успешна како 2014.

The Sound Messengers, односно Ерик Фокс и Симона Попоска најауваат забава на високо ниво заедно со нивните и странски хитови кои ќе ги изведуваат и не се сомневаат дека ќе допринесат за што потопла атмосфера за сите присутни.

Жал за Деспина, Лазарополе, Лична Јовано, Лено Лено Ленке и уште неколку хитови е музиката која ќе ги весели и загрее сите пристутни на Плоштад Пела на 31 декември- беше дециден Наум Петрески

Уверени во нејзината енергија на сцена и хитови на Дани таа во нејзин стил ни изјави: Моите настапи се добро познати за кои не треба посебна најава.

Маја Гроздановска- Панчева пак очекува добра забава со сите оние кои ќе настапуваат и нивните хитови кои ќе ги пеат и верува дека ќе биде убава вечер и убаво ќе ја испратиме старата 2014 година.

Есма, Куку- Леле и Мустафа Имери се надеваат на што помасовна посетеност за сите заедно да и се радуваме на Новата 2015 и ја дочекаме на најубав можен начин единствено на Плоштад Пела.

Водители на манифестацијата ќе бидат Сашко Коцев и Маријана Станојковска. Програмата започнува од 21 часот, со директен пренос на Македонската Радио Телевизија.

Град Скопје Ве поканува да бидете дел од Дочекот на Плоштадот Пела и да дојдете за сите заедно да испратиме старата 2014 и дочекаме новата 2015 со убави и весели моменти.