Сите погледи кон Бразил, време е за ждрепка

Светската фудбалска организиација (ФИФА), пред неколку дена ги дефинираше сите четри шешири во кои се лоцирани репрезентациите кои ќе настапат на најважниот спортски настан во 2014 година.
Единствената голема промена која наиде на остра реакција од сите спортски медиуми, но и од поголемиот број на фудбалски федерации, е одлуката на ФИФА една европска репрезентација, која не е носител, а е лоцирана во шеширот број четири, на самиот старт од ждрепката ќе биде извлечена и пренесена во шеширот со број два.
Со ваквата одлука ФИФА го испочитува претходно донесеното правило дека во една група не смее да има повеќе од две репрезентации од ист континент, а националниот тим кој ќе биде префрлен во вториот шешир веднаш ќе добие и носител во својата група кој ќе биде претставник од Јужна Америка (Бразил, Аргентина, Уругвај или Колумбија).
Еве ги „шеширите” за денешната ждрепка за групната фаза на СП 2014:
ШЕШИР 1: Бразил, Колумбија, Аргентина, Шпанија, Швајцарија, Уругвај, Германија и Белгија.
ШЕШИР 2. Алжир, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Нигерија, Еквадор, Чиле.
ШЕШИР 3: САД, Мексико, Хондурас, Костарика, Ј.Кореја, Јапонија, Иран, Австралија.
ШЕШИР 4: Хрватска, БиХ, Грција, Италија, Русија, Холандија, Франција, Португалија, Англија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.