Сите постапки почнати за избор на раководен орган на универзитетите се ставаат во мирување

26

На вчерашната седница на Владата е допрецизиран членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапувањето во сила на оваа уредба, се ставаат во мирување.

„На оваа седница на Владата направено е и допрецизирање во членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба, постапките за избор ќе ги започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба. Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон“, појаснуваат од Владата.

„На седницата донесена е и одлука за бројот на студенти кои треба да се запишат во прва година на јавните високообразовни установи, како и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство“, дпоплнуваат од Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.