Сите се подготвуваат за откажување на сезоната, откри бек на Торонто

Бекот на Торонто Репторс, Фред ВанФлит разговараше со „ЕСПН“ за можноста да продолжување на сезоната. Според него, кошаркарите веќе се подготвуваат за најлошото, имено откажување на сезоната.

– Мислам дека сите се подготвуваат за најлошото сценарио – откажување на сезоната. Мора да сториме сè што можеме како играчи и сопственици да го преземеме товарот, додека ние сè уште се обидуваме да ја започнеме сезоната онака како што сакаме, рече 26-годишниот стрелец.

ВанФлит, исто така, го сподели своето мислење за плановите на НБА лигата да ја заврши сезоната без публика.

– Можам да играм каде било. Дали сакам да играм пред празни трибини? Не, но дали е важно во моментот? Не мислам во овој момент дека некој ќе се лути од она што се случува, сè додека здравјето на луѓето доаѓа на прво место, но не сум сигурен дали тоа ќе биде случај, вели кошаркарот на Торонто.

ВанФлит, на крајот навести дека сè се врти околу парите и НБА лигата може да најде начин да ја продолжи сезоната.

– Но, сепак станува збор за пари, нели? Така, мислам дека ќе најдат некој начин да го сторат тоа. Јас не би бил изненаден ако сезоната не заврши и не би се изненадил ако ја завршиме, додава бекот.