Сите странци, кои ќе влегуваат во Кина ќе треба да оставаат отпечатоци од прсти

отпечатоци

Одлуката е донесенма од Министерството за јавна безбедност на Кина по утврдувањето на новите правила од Државниот совет на земјата.

Во соопштението на Министерството се вели дека отпечатоци од прсти задолжително треба да даваат сите странци на возраст меѓу 14 и 70 години. Новите правила не се однесуваат на лица, кои пристигнуваат со дипломатски пасоши, за членови на официјални делегации, државни службеници или во посебни случаи, предвидени со билатерални спогодби.

Првиот пункт за давање отпечатоци ќе почне да функционира на аеродромот во Шенжен, во провинцијата Гуандун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.