Сите у карантин, само функционерите не!? Они имаат плава крв, нив вирус не ги фаќа

Владата одлучи да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин.

Професорот Димитар Апасиев од Левица, во фејсбук статус реагираше на оваа одлука.

„Функционери на СДС на „Нашата Земја“ ја проширија короната баш со вакви потези, и сега – сите у карантин, само функционерите не!? Они имаат плава крв, нив вирус не ги фаќа.
Ало, Уставен – се слушаме!? Ако ова не е пример за ДИСКРИМИНАЦИЈА врз основа на општествена положба, ондак не знам што е? За платите коа ви ги чачнаа, експресно поведовте постапка и времена мерка. Епа, истата експедитивност народот ја очекува и сега!

p.s. „Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба“ (чл. 54, ст. 3 од Уставот на РМ)

#ЌеВиситеЗаедно“, напиша Апасиев.