Сите заразени со коронавирусот во Камбоџа се излечени, новозаразени нема цел месец

Последниот пациент заразен со коронавирусот во Камбоџа оздравел и ја напуштил болницата, па во оваа земја повеќе нема ниту еден активен случај, објави во саботата министерот за здравство Мам Бунхенг.

Меѓутоа, во соопштението на министерот не е наведено дека се ублажуваат мерките кои се на сила, вклучително и затворањето на училиштата, граничните контроли и мерките за самоизолација.

Коронавирусот севкупно е потврден само кај 122 лица во Камбоџа, а нема ниту еден смртен исход.

Последниот нов случај на зараза е забележан на 12-ти април, а вкупно се изведени 14.684 тестирања од јануари досега, соопшти министеството за здравство.

Се апелира населението и натаму да биде внимателно и да не се собира во погоелми групи.