Сити ја одбрани титулата во луда завршница

Во возбудлива завршница од последното 38-мо коло од англиското фудбалскот првенство, Манчестер Сити со победата на својот „Итихед“ над Астон Вила од 3:2 ја одбрани титулата, иако до 76 минута гостите водеа со 2:0.

Пред последното коло Манчестер Сити имаше бод повеќе од Ливерпул и самиот пред своите гледачи решаваше за титулата. Но Астон Вила во Манчестер поведе со 2.0, создавајќи му можноста на Ливерпул со победа над Вулверхемптон да дојде до врвот. Но „Граѓаните“ во последната четвртина од дуелот направија резултатски пресврт со три погодока, па на „Редси“ не им помогна ниту победата од 3:1.

Ова е осмата титула за Манчестер Сити во историјата, шеста откако елитното англиско натпреварување се преименуваше во Премиер лига а втора во низа.

И на „Енфилд“ започна шокатно за домашните, Вулверхемптон преку Педро Нето поведе уште во 3 минута. Меѓутоа, Ливерпул брзо се созема и Садио Мане израмни во 24 минута.

Истовременот на „Итихед“ Сити притискаше, но гостите поведоа. Астон Вила во 37 минута изведе одлична акција, Лукас Диње се проби по левата страна, нафрли во петерецот каде што топката је пречека Кеш со глава за молк на трибините.

Во тој момент Сити и Ливерпул беа бодовно израмнети, по 90 бодови, но „Граѓаните“ беа шампиони бидејќи имаа подобра гол-разлика. Во самата завршница од првиот дел Вила можеше да дојде и до втор погодок, кога Оли Воткинс му побегна на Фердинанд, но не реагираше најдобро.

Сити можеше да израмни во 48 минута, но Кевин Де Брујне го префрли голот. Само две минути подоцна Габриел Жезус имаше одлична шанса, но и тој не беше прецизен. Од дуга страна, Ливерпул во 51 минута постигна погодок, но беше поништен поради офсајд позција на Мане.

Шансите на Сити да ја одбрани титулата можеа да бидат значително намалени во 54 минута, кога Воткинс повторно излезе сам пред Едерсон, но не искористи чиста шанса. Но во 69 минута Филипе Коутињо беше непогрешлив и одлично погоди за 0:2 во полза на гостите. На Ливерпул во тој момент му беше потребен погодок за да го преземе водството на табелата.

Надежите на Сити се вратија во 76 минута кога Илкај Гундоган со глава го искористи нафрлувањето на Рахим Стерлинг и намали на 1:2. Четири минути подоцна Родри од работ на шеснаесетникот погоди за 2:2 и Сити се најде во можност со третиот погодок да избори победа и да ја одбрани титулата без оглед на крајниот резултат на мечот во Ливерпул. И многу набрзо, во 83 минута вториот погодок на Гундоган предизвика ерупција на трибините на „Итихед“, за само шест минути правејќи неверојатен шампионски пресврт.

Во 84 минута Ливерпул дојде до предност од 2:1 преку Мохамед Салах, но тоа не беше доволно. Беше потребен уште еден чудесен пресврт во Манчестер овојпат од Астон Вила, но тоа не се случи. Во 89 минута за 3:1 на „Енфилд“ погоди Робертсон.

Последното коло го разреши и прашањето на последниот патник во понискиот ранг на натпреварување. На Вотфорд и Норич Сити, кои одамна испаднаа, во неделата им се придружи и Барнли.

Лидс и Барнли имаа по 35 бодови, но Барнли во пресрет на последното коло имаше подобра гол-разлика. Меѓутоа, Лидс Јунајтед во последното го коло на гостувањето го победи Брентфорд со 2:1, додека Барнили со ист резултат дома загуби од Њукасл Јунајтед.

Тотенхем со гостинската победа кај Норич Сити со 5:0 го потврди четвертото место и пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. Челзи во последното коло го победи дома Вотфорд со 2:1.

На крајот Манчестер Сити ја прослави новата титула со 93 бодови, бод повеќе од Ливепрул, Челзи остана трет со 74 бодови, три повеќе од градскиот ривал Тотенхем.

Арсенал со 69 бодови е петти и ќе игра во групната фаза од Лига Европа, како и шестиот Манчестер Јунајтед кој првенството го заврши со 58 бодови, а во Конференциската лига следната сезона се квалификуваше како седмопласиран со 56 бодови Вест Хем Јунајтед.