Сити го доживеа вториот пораз, Ливерпул се одлепува на врвот

Фудбалерите на Ливерпул победија со 4:0 (1:0) во средбата од 19-то коло на англиската Премиер Лига во дуелот со Њукасл Јунајтед, со што се оддалечува од актуелниот шампион Манчестер Сити кој го забележа вториот пораз по ред кај Лестер.

Дејан Ловрен го доведе Ливепрул во водство во 11 минута со удар од десетина метри, а потоа стрелаа Мохамед Салах во 48 минута од пенал, Џердан ЃАкири во 79 и Фабињо во 85 минута.

Ливерпул сега е водечки со 51 бод, шест повеќе од вториот Тотенхем, кој на „Вембли“ како домаќин надигра Борнмут со 5:0 (3:0), односно седум повеќе од бранителот на титулата Манчестер Сити, кој го претрпи и вториот пораз по ред, на гостувањето кај Лестер кој славеше со 2:1 (1:1).

Тотенхем до новата убедлива победа стаса со погодоците на Ериксен во 16, Сон во 23 и 79, Лукас во 35 и Хари Кејн во 61 минута. Борнмут, пак, сега е 11-ти со 26 бодови.

Манчестер Сити го претрпи вториот пораз во последните четири дена, по 2:3 домашниот неуспех против Кристал Палас, загуби и на гостувањето кај Лестер, иако повторно прв постигна гол. Гостите во водство ги донесе Бернардо Силва во 14 минута, но потоа Олбрајтон во 19 и Рикардо Переира во 81 минута, направија пресврт. Лестер Сити со овој голем успех се искачи на седмото место со 28 бодови.

Оле Гунар Солскјер на своето тренерско деби на клупата на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ја забележа втората победа. Стгрелци за „Црвените ѓаволи“ против Хадерсфилд беа Матиќ во 29 и Погба во 64 и 78 минута, додека Јоргенсен го ублажи поразот во 88 минута.

Манчестер Јунајтед сега е шести со 32 бодови, а Хадерсфилд е последен со 10 бодови.

Фулам и Вулверхемптон одиграа без победник 1:1, а стелци беа Сесињон во 74 минута за домашните и Сејс во 85 минута за гостите. Фулам со овој бод го напушти последното место на табелата 19-тото со 11 бодови, а Вулверхемптон е 10-ти со 26 бодови.

Кристал Палас и Кардиф Сити одиграа без голови, па домашните сега имаат 19 бодови и се на 14-то место, а гостите со 15 бодови се на 17-то место.

Евертон постигна убедлива победа од 5:1 на гостувањето кај Барнли. За домашните стрелец беше Гибсон во 37 минута, а за гостите Мина во 2, Диње во 13 и 71, Сигурдсон во 22 од пенмал и Ришарлисон во третата минута од судиското продолжение. Евертон е на осмото место со 26 бодови, а Барнли е 18-ти со 12 бодови.

Подоцна во среда играат Брајтон и Арсенал, како и Ватфорд и Чели. Колото во четвртокот го затвораат Саутемптон и Вест Хем Јунајтед.