Сити го купи Торес од Валенсија

Манчестер Сити објави во вторникот дека го довел во своите редови младиот шпански фудбалски репрезентативец од Валенсија, 20-годишниот Феран Торес, а цената на трансферот изнесува 23 милиони евра.

Напаѓачот Торес во Валенсија дојде во 2017 година, а оваа сезона постигна шест погодоци и осум асистенции во Примера, а истовремено се избори за стандардно место во првиот тим на селекцијата на Шпанија до 21 година.

Торес потпишал договор со манчестерските „Граѓани“ на пет години, а во Англија доаѓа по инсистирање на менаџерот Пеп Гвардиола, кој бараше замена за Лирој Сане кој го напушти Сити и за 45 милиони евра премина во минхенски Баерн.

Трансферот на Торес е вториот овој преоден рок за Сити откако од Борнмут дојде 25-годишниот холандски бек Натан Аке за 45 милиони евра.