Сити го освои англискиот Лига куп, Кепа одби да излезе од игра

Кусо по историскиот триумф над Челзи од 6:0, фудбалерите на Манчестер Сити во неделата ја одбранија титулата во англискиот Лига куп откако во финалниот дуел на лондонскиот храм на фудбалот „Вембли“ пред 81.775 гледачи го совладаа истиот противник со 4:3 по подоброто изведување на ударите од белата точка.

Ова беше тврд и сиромашен натпревар во кој во текот на 90-те минути од регуларниот дел и половината час од продолжението немаше голови, со ретки шанси, па прашањето на победникот беше решено со изведување на пеналите.

Средбата го одбележа инцидентот од 120 минута, кога менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, се обиде да го замени голманот Кепа Аризабалага за меѓу стативите да застане Вили Кабаљеро, кој е познат по добрите одбрани на пеналите. Меѓутоа, младиот Баскиец не сакаше да излезе од теренот и по убедувањето на соиграчите, консултациите со судиите. Во неколкуминутното шоу, италијанскиот тренер збесна на клупата, дури во еден момент излезе од стадионот па се врати, но Кепа не сакаше да излезе. Шокирарниот, како и целиот стадион, Сари потоа се откажа од замената и 24-годишниот шпански голман остана меѓу стативите.

Интересно е што Кепа беше неизвесен за настапот во финалето поради проблеми со бутниот мускул, но сепак беше ставен во почетната постава. Меѓутоа, со однесување во самата завршница сосема сигурно си го загрои местото во екипата, барем додека Сари е менаџер на лондонскиот тим, а можни се и санкции од клубот, па и од англиската федерација.

Кепа одбрани еден удар, но тоа не му беше доволно на Челзи за освојувањето, бидејќи неговите соиграчи двапата беа непрецизни. А Сити пеналите ги реализираа Гундоган, Агуеро, Бернардо Силва и Стерлинг, додека Кепа го запре ударот на Сане. За Челзи погодија Азпиликуета, Емерсон и Азар, а Давид Луиз го погоди дирекот, а Едерсон го одбрани шутот на Жоргињо.

Манчестер Сити со оваа победа стаса до шестата титула во Лиг купот, и притоа третата во последните четири години. Рекордер во ова англиско натпреварување и натаму е Ливерпул со осум наслови, додека Манчестер Јунајтед, Челзи и Астон Вила имаат по пет трофеи.