Сити го преслуша Евертон и го прескокна Ливерпул

Најинтересниот саботен натпревар од 37. коло во англиската Премиер лига, дуелот на “Гудисон Парк” помеѓу екипите на Евертон и Манчестер Сити заврши со минимален триумф на гостинот од 3:2.

Со освоените три бода, популарните “граѓани” се вратија на лидерската позиција на првенствената табела и се на добар пат по пауза од една година повторно да ја освојат шампионската титула.

Победничкиот пехар ќе се врати на “Итихат” доколку избраниците на Мануел Пелегрини освојат шест бода во последните два натпревара од актуелната сезона.

Денеска, фудбалерите на Челзи имаат обврска да забележат убедлив триумф во првенствениот дуел против гостинскиот тим на Норвич, кој пак грчевито се бори за опстанок во елитното друштво.

Убедлива победа но во дуелот против гостинот од Бирмингем, тимот на ВБА, најавија фудбалерите на Арсенал.