Сити го симна Ливерпул од врвот во Премиер лига

Фдубалерите на Манчестер Сити славеа со 3:1 на гостувањето кај Вотфорд во последниот саботен дуел од 15-то коло на англиското првенство, со што бранителот на титулата ги скокна конкурените и ја зазема челната позиција на табелата на Премиер лигата.

Екипата на Пеп Гвардиола дојде во водство уште во 4 минута преку Рахим Стерлинг, а Бернардо Силва во 31 минута го постигна својот петти гол во последните осум првенствени натпревари и ја удвои предноста на Сити, а истиот играч погоди и во 63 минута за убедливото водство од 3:0. Поразот на Вотфорд го ублажи Кучо Ернандез во 74 минута, а домашните во самиот финиш не искористија одкична можност барем накусо да внесат незивесност.

Манчестер Сити со 11-та победа сезонава дојде до 35 бодови за еден повеќе од второпласираниот Ливерпул, а до денес водечкиот Челзи падна на третото место со 33 бодови. Вотфорд со 13 бодови е 17-ти и има три бода повеќе од зоната на испаѓање.

Ливерпул претходно барем за момент го искористи поразот на Челзи и неколку часа бепе на врвот на Премиер лигаат, откако на гостувањето кај Вулвехемтон дојдоа до минималната победа од 1:0 и тоа остварена длабоко во судиското продолжение.

Важните три бода за екипата на Јурген Клоп ги донесе резервистот белгискиот напаѓач Дивок Ориги со голот во четвертата минута од судиското продолжение на мечот. Ливерпул беше убедливо подобар, но сѐ до самиот крај неговите играчи не успеава да ка испратат топката во противничката мрежа, сѐ додека Ориги не реагираше со одличен удар на нафрлувањето на Мохамед Салах.

Инаку натпреварот ќе остане во долго сеќавање на Португалецот Диого Жота, кој во 60 минута по грешката на домашниот голман Саа излезе сам пред противничкиот гол но наместо да избира во кој агол ќе ја затресе мрежата од работ на петерецот погоди еден од домашните одбранбени играчи на самата гол-линија но на средината од должината на голот.

Челзи двапати водеше на лондонскиот „Олимписки стадион“ со головите на Тиаго Силва во 28 и Мејсон Моунт во 44 минута, но Вест Хем двапати израмнувапе преки Мануел Ланѕини во 40 минтуа од пенал и преку Џерод Браун во 56 минута, за Артур Масуаку во 87 минута на домашните да им ја донесе победата над дотогаш водечкиот тим.

До предноста Челзи дојде по ударот со глава на Силва по корнерот што го изведе Моунт, но по големата грешка на голманот Менди кои не успеа да исконтролира една повратна тиопка, а потоа со прекршок го запре Боубвен, Вест Хем израмни од пеналот што го реализираше Ланѕини. Сепак, на водсто се замина со водство на Челзи, откако Моунт погоди по правовременото проигрувана на Зиех, но во продолжувањето прво Борун погоди од врвот на шеснаесетникот а потоа целосниот пресврт го направи Масуаки кој го изненадио Манди со уидар откосо од леват страна во поблискиот агол.

Со трите бода Вест Хем се зацврстио на четвртата позиција сега со 27 бодови, четири повеќе од петтиот Арсенал кој има меч помалку.

Њукасл со погодокот на Калум Вилсон во 40 минута а својот терен го совлада Барнли, па сега двата тима имаат по 10 бодови на 18-то односно 19-то место, во зоната на испаѓање.

Брајтон дури во осмата минута од судиското продолжени на мечот со голот на Нил Мапаи извади бод на гостувањето кај Саутемптон кој поведе во 29 минута со голот на Армандо Броха. Саутемптон сега е 14-ти со 16 бодови, а Брајтон енд Хоув Албион е мометално деветти со 20 бодови.

Колото продолжува во недеал со дуелите: Лидс Јунајтед – Брентфорд, Манчестер Јунајтед – Кристал Палас, Тотенхем – Норич Сити и Астон Вила – Лестер Сити, а во понеделнико го затвора дуелот Евертон – Арсенал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.