Сити и Брентфорд први полуфиналисти во англискиот Лига куп

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити и второлигашот Брентфорд избворија пласман во полуфиналето на од англиската Лига куп,

Манчестер Сити на гостувањето со 4:1 го декласираше Арсенал, продлабочувајќи ја кризата на лондонските „Топчии“ кои во последните шест натпревари во сите натпреварувања имаат само една победа.

Габреил Џезус во 3 минута ги доваде во водство „Граѓаните“, но Александр Лаказет израмни во 31 минута во полувреметео во кое Арсенал и се изгледаше добро на теренот. Сепак во второто полувреме Сити ги прегази домашните со погодоците на Ријад Марез во 54, Фил Фоден во 59 и Емерик Лапорт во 73 минута.

Брентфорд, пак, продолжи со елиминациите на прволигашите, впишувајќи ја четветата последователна победа против некој од клубовите од најелитната класа во Англига. Серијата ја отвори во второто коло со победата над Саутемптон, во следното коло го совлада Вест Бромвич Албион, во осминафиналето Филам, а сега со 1:0 со голот на Џош Дасилва во 66 минута го победи и Њукасл Јунајтед. Ова е воедно најголемиот успех за Брентфорд во некој од англиските купови.

Во среда се играат преостанатит два натпревара од четвртфиналето во кои се среќаваат Стоук Сити – Тотенгем и Евертон – Манчестер Јунајтед.