Сити и Лион ги минаа Реал и Јувентус во Лигата на шампионите

Gabriel Jesus celebrates after scoring the 2-1 lead during the UEFA Champions League Round of 16 second leg soccer match between Manchester City and Real Madrid in Manchester, Britain, 07 August 2020. EPA-EFE/Oli Scarff

Фудбалерите на Манчестер Сити во петокот вечерта на својот стадион го совладаа Реал Мадрид со 2:1, со што го потведија пласманот во четврфиналето на Лигата на шампионите, додека истовремено Јувентис постигна идентична победа (2:1) дома над Лион, што сепак одеше во прилог на францускиот претставник.

Сити со 2:1 славеше над Реал и во првиот дуел пред пет месеци во Мадрид, што претставуваше голема предност за вечерашниот дуел. Манчестерските „Граѓани“ поведоа уште во 9 минута со голот на Рахим Стерлинг по огромната грешка на реаловиот бек Рафаел Варан кој си поигруваше во својот шеснаестник и ја загуби топката од Габриел Жезус и на петерецот го пронајде Стерлинг за кого ова беше 100-от погодок за Сити.

На Реал му беа потребни уште 15 минути да воспотави рамнотежа и првпат да се закани преку Лука Модриќ кој шутираше високо над голот. Но во 28 минута, затаи домашната одбрана која дозволи Карим Бензема непречено по десната страна да го проира Родриго и да се пробие, а потоа и да нафрли во петерецот каде натскока тројца противнички играчи и погоди за израмнување. Бензема на овој меч беше капитен бидејќи Серхио Рамос заработи црвен картон во првиот дуел на „Сантјаго Бербабеу“ од кој Манчестер дојде до победата 2:1.

Тибо Куртоа по изрманувањето беше најзаслужен што мрежата на Реал на неколкупати остана да мирува. Но белгискиот голман беше немоќен во 68 минута кога Рафаел Варан уште му даде уште еден подарок на Сити, откако една долга топка наместо да ја врати кон Куртоа всушност ја пушти во фор за Габреиел Жезус кој под реаловиот голман поентираше за 2:1.

Во Торино Јувентис оствари пирова победа со 2:1, по поразот во февруари кај Лион од 0:1, кој мина поради правилото за предност на екупата која ќе постигне гол во гости. Истовремено, покрај елиминацијата на „Старата дама“, францускиот тим ја запечати се чини и судбината на тренерот Маурицио Сари.

Како клучен се покажа моментот кога во 12 минута Бетанкур го собори Ауар во шеснаесетникот а судијата Звајер со асистенција на ВАР-от досуди пенал од кој Холанѓанецот Мемфис Депаи со „паненка“ го доведе Лион во водство. Јувентус не реагираше добро на шокот, но сепак во 43 минута дојде до израмнување од пенал. Депаи сега беше трагичар бидејќи играше со рака, а Роналдо не згреши од „белата точка“.

Второто полувреме започна со многу нервоза, а во 60 минута Роналдо заби од 30-ина метри и го погоди самиот горен агол. Тоа беше неговиот 25-ти погодок во осминафинале во Лигата на шампионите. Во 79 минута судијата Звајер поворно проверуваше можен нов пенал за Лион откако беше соборен Дембеле, но играта беше продолжена. Шест минути пред крајот се повреди и големиот адит на домашните Пауло Дибала, кој влезе во игра во 70 минута. До крајот Јувентус се обидуваше но наиде на цврстата одбрана на Лион.

Интересно, Франција со Лион и Пари Сен Жермен ќе има два претставника во четврфиналето, иако француското првенство беше единственото од најсилните пет во Европа кое пордади коронакризата го прекина натпреварувањето.