Сити ја одбрани титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер Сити ја одбранија титулата во првенството на Англија, откако во последното коло на гостувањето го совладаа Брајтон енд Хоув Албион со 4:1 и го завршија првенството со бод повеќе од Ливепрул кој на својот „Енфилд“ го победи Вулверхемптон со 2:0.

Во пресрет на последното 38-мо коло, Сити имаше бод повеќе од „Редс“ и самиот одлучуваше дали по десет години некој тим ќе ја одбрани титулата во Премиер лигата. Победата, но и реми или пораз, под услов Ливерпул да не победи му ја осигуруваа одбраната на титулата, што е вкупно негова шеста.

На „Граѓаните“ ова им е втор трофеј сезонава, откао го освоија Лига купот, а на 18-ти мај ќе имаат прилика да го освојат и третиот пехар во финалето на ФА купот против Вотфрод.

Инаку, неделните мечеви започнаа одлично за Ливепрул, кој поведе уште во 17 минута со голот на Садио Мане и во тој момент екипата на Јирген Клоп беше шампион. Чекор поблиску до титулата „Редс“ беа по десет минути кога во 27 минута Глен Мареј по нафлрување од корнер во водство го донесе Брајтон против Сити. Но веќе по 87 секунди „Граѓаните“ израмнија, а погодокот, и тоа 21-ви сезонава за него, го постигна Серхио Агуеро.

На Аргентинецот му асистираше Давид Силва кому ова му беше дури 18-та асистенција за Агуеро. Во историјата на Премиер лигата само три играчи имале повеќе асистенции за точно одреден играч. Андертон има 20 асистенции за Шерингам, а ист број имаат и Мекманаман за Фаулер и Лампард за Дрогба.

Манчестер Сити веќе во 38 минута направи пресврт кога Емерик Лапорт со глава по изведен корнер ја закова топката во мрежата на Брајтон. Сите дилеми околу шампионот ги разреши Ријад Марез во 64 минута, а за финишот се погрижи Илкај Гундоган од слободен удар во 72 минута. На „Енфилд“, пак, по вестите по првото полувреме од Брајтон во второто полувреме се играше без волја, а по неколкуте опасни прилики за „Волфс“, Садио Мане со својот втор погодок во 81 минута се погрижи сепак Ливерпул достојно со само еден пораз и бод помалку да го заврши првенството. Сити годинава забележа две победи повеќе од „Редс“ но и три пораза повеќе, меѓутоа Ливепрул имаше седум натпревари во кои освои само бод, а на Манчестер Сити тоа му се случи во два меча.

Челзи на гостувањето одигра 0:0 против Лестер и го потврди третото место. Арсенал на гостувањето го победи Барнли со 3:1, Тотенхем одигра 2:2 против Еверотн, додека Кардиф се прости од Премиер лигата со победа на „Олд Трафорд“ против најтрофејниот клуб во земјата Манчестер Јунајтед со 2:0, со двата гола на Натаниел Мендез-Лејнг во 23 од пенал и во 54 минута.

Во „убавицата“ на колото Кристал Палас го победи Борнмут со 5:3. Головите за домашните ги постигнаа Батшуаи во 24 и 32, Симпсон постигна автогол во 35, Ван Анхолт во 66 и Таунсенд в9 81 минута, а за гостите Лерма во 42, Ибе во 57 и Кинг во 73 минута.

Првак е Манчестер Сити со 98 бодови пред Ливерпул со 97 бодови. Нив во Лигата на шампионите следната сезона ќе им се придружат третиот Челзи кој првенството го заврши со 72 бодови и Тотенхем кој има бод помалку на четвртото место.

Ливепрул и Тотнехем на 1-ви јуни на мадридскиот стадион „Ванда Метрополитано“ ќе играат во финалето на Лигата на шампионите.

Арсенал со 70 бодови се пласираше на петтото место и ќе игра во Лига Европа, натпреварување во коешто преку квалификациите ќе се обиде да се пласира Манчестер Сити кој и покрај смената на Жозе Мурињо и одличниот страт од тренерската клупа на неговиот наследник Оле Гунар Солскјер успеа да дојде само до седмото место со 66 бодови, дури 30 помалку од водечкиот двоец.

Од претходно беше познато дека Премиер лигата ја напушатаа Кардиф, Фулам и Хадерсфилд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.