Сити му побегна на Јунајтед на плус 10

Во одложениот натпревар од 16-то коло на англиското фудбалско првенство, Манчестер Сити во средата вечерта како гостин во Ливерпул со 3:1 го совлада Еверто.

Ова беше 12-та последователна победа и воедно 16-ти натпревар во низа во кој тимот на Пеп Гвардиола не е поразен. Последниот пораз Манчестер Сити го доживеа на 21-ви ноеври минатата година од Тотенхем со 0:2, а потоа во 16 натпревари остварија 14 победи и две ремија.

За Сити стрелци беа Фил Фоден во 32, Ријад Марез во 63 и Бернардо Силва во 77 минута, додека за Евертон привремено израмни Ричарлисон во 37 минута.

Манчестер Сити е во водство со 56 бодови, а следата Манчестер Јунајтед и Лестер Сити со по 46 бодови, а Челзи и Вест Хем имаат по 42 бодови. На шестото место е актуелниот шампион Ливерпул со 40 бодови, а селден не неговиот градски ривал Евертон со 37 бодови.

 

Во одложениот дуел од 17-то коло Барнли и Фулам одиграа 1:1. Гостите поведоа со голот на Аина во 49 минута, а три минути подоцна израмни Барнес.

Фулам остана во зоната на испаѓање, на 18-то место со 19 бодови, додека Барнли е 15-ти со 27 бодови.