Сити на маки, подолга пауза му се заканува на Де Брујне

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити може следните неколку месеци да остане без услугите на еден од своите најдобри фудбалрени, Кевин де Брујне, кој во средата се повредил на тренинт, објави City Watch.

Според англиските споретски медиуми, Белгиецот се здобил со повреда на лигаментите на коленото, слична на онаа која Кевин де Брујне ја доживеа на натпреварот против Евертон во јануари 2016 година.

Тогаш Белгиецот паузираше два месеци, аслична судбина, според некои информации можеби и полоша го чека сега.

Белгиецот измиантиот викенд ги одигра првите минути по Светското првенство и планот на Пеп Гвардиола беше постепено да го вклучи во тренажниот процес.